Вила Нола 2 се наоѓа во југоисточниот дел на Никити, на одалеченост од 200 метри од плажата.
Вилата е сосема нова. Изграденa е во 2024 година и првпат започна да се издава на крајот на сезоната 2024 година.
Вилата се состои од дневна соба, 3 спални соби, 2 бањи и 2 големи балкони.
Објектот е дизајниран за удобно сместување на 8 возрасни плус едно, две или три деца (во зависност од возраста на децата и дали им е потребен посебен кревет или не).
Балконите се удобни и покриени со водоотпорна тенда.
Вилата има 4 клима уреди кои без проблем ја ладат секоја соба.
Топлата вода ја обезбедува 300-литарски соларен бојлер кој лесно произведува доволно топла вода за околу 10 луѓе.
Кујната е комплетно опремена и содржи голем фрижидер, шпорет, мијалник, машина за миење садови, микробранова печка, кафемат и комплетен кујнски прибор…
Објектот е опремен со 4 телевизори, машина за перење, правосмукалка и други потребни алатки за секојдневна употреба.
Објектот има сопствена сателитска интернет антена (старлинк) и има многу брз интернет.
Паркинг е достапен на улица и никогаш не е проблем да се паркира во непосредна близина.
Нола 2 се наоѓа во југоисточниот дел на Никити, односно во делот на Никити каде плажата е поатрактивна и во непосредна близина се маркети, ресторани и шеталиште.
Оддалеченоста од плажа е 200м, од пазар 350м, од шеталиштето 200м, од агенција за рент а кар 400м…
Оддалеченоста од аеродромот во Солун е 98 км.
Оддалеченоста од Скопје е 333 км.
Оддалеченоста од Софија е 391 км.
Оддалеченоста од Белград е 724 км.
Одалеченост од Букурешт 782 км
За нашите гости кои пристигнуваат со авион, можеме да организираме превоз до и од аеродромот по намалена цена.
За какви било дополнителни информации, Ве молиме слободно контактирајте не.
Зборуваме англиски, српски (босански, хрватски, црногорски) и руски.















